1.
Мали тимови, големо влијание
Мали тимови, големо влијание
Тимови од 1–2 луѓе можат да изградат големи нешта. Брзи, независни, фокусирани.
2.
Инженери → соло-претприемачи
Инженери → соло-претприемачи
Ако претприемач е оној што решава проблем, а притоа го монетизира решението, веруваме дека девелопер може да реши проблем и да монетизира.
3.
Не ти треба капитал за да испорачаш продукт
Не ти треба капитал за да испорачаш продукт
За да најдеш идеја, направиш истражување, изградиш прототип и пристапиш директно на потенцијални корисници, не ти треба капитал!
4.
Micro-SaaS може да ги плаќа сметките
Micro-SaaS може да ги плаќа сметките
Има луѓе што ќе платат 10 долари за една функционалност што ја има во Hubspot, наместо 50 долари за 50 функционалности..
5.
Не сме против, но ниту љубители на корпорации
Не сме против, но ниту љубители на корпорации
Корпоративната култура не ни прија најдобро. Не се возбудуваме на на стол, "снакс" и "тим билдинзи".
6.
Конференции не лансираат продукти
Конференции не лансираат продукти
Не ти требаат панели и говорници и за да изградиш и лансираш MVP од својата спална соба. Потребни се алатки, фокус и викенд.
7.
Пиво во Pub Porta со билдери > конференција
Пиво во Pub Porta со билдери > конференција
Конкретни разговори за како наоѓаме идеи на Reddit, како валидираме на X и кои алатки ги користиме, вредат повеќе од конференции со мотивациски говори.
8.
Не измислуваме топла вода
Не измислуваме топла вода
Копирање работи е мудрост. Youform.com е уште една Typeform.com алтернатива и тоа е сосема во ред.
9.
Идеите се насекаде
Идеите се насекаде
Акција ги дели билдерите од тие што само сонуваат. Не мора магично да се сетиш на проблем за кој што можеш да понудиш решение. Проактивно барање и размислување на идеи функционира.
10.
Веруваме дека 1+1=10 (Learn, Build, Share)
Веруваме дека 1+1=10 (Learn, Build, Share)
Секоја идеја, мисла, алатка, процес, MVP... вреди 10 пати повеќе кога е споделена.
11.
Не сакаме да бидеме дел од машината
Не сакаме да бидеме дел од машината
Работа на машина не' исполнува повеќе од тоа да бидеме само дел од машината.
12.
Викенд = MVP
Викенд = MVP
Алатки има во изобилство. 3 дена се доволно да креираш минимлано одржлив продукт, со цел да имаш нешто во рака со кое што ќе пристапиш до потенцијални корисници на Reddit, Linkedin и X.
13.
Церемонии како "агилниот театар" не се за нас
Церемонии како "агилниот театар" не се за нас
Спринтови, story points и standup се против нашата природа.
14.
Без дневни извештаи
Без дневни извештаи
Не сакаме да трошиме време на тоа што не ни носи вредност.
15.
Сакаме да имаме свој распоред на работа
Сакаме да имаме свој распоред на работа
Работата не е работа само ако сам си го поставиш распоредот.
16.
Знаеме често да работиме од café
Знаеме често да работиме од café
Ја сакаме слободата.
Ако се согласуваш со ова, можеби сме за тебе. Придружи се.